На 13 и 14 септември, во Белград, се одржа DIA SEE (South Eastern Europe) Region Conference, под мотото “Building bridges to accelerate Patients’ access” – „Градиме мостови за побрз пристап на пациентите до иновативни терапии”.
Фармабренд Нова, асоцијација на претставниците на странски производители на иновативни лекови, зеде активно учество во програмскиот комитет и во поддршката на настанот.
Конференцијата имаше за цел, на неутрален форум посветен на забрзување на пристапот на пациентите до иновативните терапии, да ги поврзе експертите за регулатива и пазарните експерти кои работат со и/или во регионот на Југоисточна Европа, со клучните регионални, ЕУ и глобални лидери, вклучувајќи ги креаторите на регулативите, плаќачите, пациентите. Се разговараше за теми како што се постоечкиот пристапен јаз меѓу регионот и ЕУ како и за важноста на взаемната доверба за побрз пристап на пациентите до иновативната терапија, со оглед на сè поблиското усогласување со регулаторната рамка на ЕУ.
На конференцијата свои излагања имаа и:
– Асс.Проф. Ана Данева Маркова
Продекан на Медицинскиот факултет,
Вонреден професор по гинекологија и акушерство
Надворешен соработник на Премиерот за здравство
– М-р Кристина Христова
Советник на директорот на ФЗО на РС Македонија
Директор на Секторот за фармација п.о.
– Милан Мишковиќ
Директор на одборот на ELPA ,
Потпретседател на АПО во Р.С. Македонија
Член на Советодавниот одбор на проектот HAREACT,
Потпретседател/програмски менаџер во Хепар Центар Битола
Официјален здравствен лобист на ЕУ во парламентот на ЕУ
За клучните теми за дискусија можете да видите повеќе на: https://www.diaglobal.org/…/see-south-eastern-europe…
За учесниците и агендата можете да видите повеќе на:
https://www.diaglobal.org/…/see-south-eastern…/agenda…
Оваа конференција на учесниците им даде единствена можност да научат од примерите на најдобрите практики и да се поврзат со регулаторите и клучните лидери од цела Европа.