Фармабренд Нова зема активно учество на стручниот состанок – дебата за усогласување на правилникот за Позитивната листа на лекови
Фармабренд Нова, Асоцијација на претставниците на странски производители на иновативни лекови, ги поздравува заложбите на сите надлежни институции, Владата, Министерството за здравство, Агенцијата за лекови и Фондот, за транспарентно и инклузивно креирање на политики. Веруваме дека вклучувањето на сите засегнати страни во процесот е вистинскиот пат кон успешни реформи.
Позитивната листа на лекови, кои паѓаат на товар на Фондот за здравствено осигурување, има клучна улога во здравствениот систем, а нејзиното правилно и успешно менаџирање, одржување и ажурирање и ќе влијае на унапредување на нивото на здравствена заштита која ја добиваат нашите пациенти.
https://www.facebook.com/zdravstvomk/posts/pfbid0xFguYrce8xZVUJA4eARoey3f9qVi1o3iJUnaM7FfvzLaXNiftYjuHskdNZTrpw3s