Фармацевтските компании, членки на Фармабренд Нова, транспарентно ќе ги објават своите инвестиции во македонското здравство за 2019 година
Во текот на наредните денoви, во период од 22-30 јуни, фармацевтските компании членки на Фармабренд Нова ќе објават податоци за својата соработка со здравствени работници (ЗР) и здравствени организации (ЗО) на територијата на Република С. Македонија.
Информациите ќе бидат достапни на интернет, а се поврзани со истражувачки и образовни грантови кои овие компании ги обезбедуваат за здравствени организации, како и надомест на поединци за нивни презентации и говорења на едукативни состаноци, за консултантски услуги и за стручен придонес од членување во различни советодавни одбори. Тоа се всушност инвестиции во македонскиот здравствен систем, кои имаат за цел подобрување на здравствените пракси, и подобра здравствена заштита на поединците. Информациите се однесуваат за соработка остварена во 2019 година, со што во нашата земја за прв пат се започнува ваква тарнспарентна пракса, која веќе одамна се спроведува во земјите од регионот и во ЕУ.
Податоците, кои ќе бидат достапни на интернет, всушност ги нагласуваат инвестициите на индустријата во здравството на Република С. Македонија, со цел развивање на нови иновативни лекови преку споделување на најдобри клинички практики, размена на информации за тоа како новите лекови се вклопуваат во процесот на лекување на пациентите, со што се поддржува и обликува иднината на клиничките истражувања во здравствениот сектор.
Интеракциите помеѓу иновативната индустрија, здравствените работници и здравствените организации се од витално значење за продолжувањето со развој на нови лекови кои ја унапредуваат здравствената заштита и продолжуваат да го подобруваат животот на пациентите во Република С. Македонија. Поголемата транспарентност на овие веќе добро воспоставени и суштински односи е со цел зајакнување на основата за уште подобра и поквалитетна идна соработка.
„Зголемувањето на транспарентноста преку поединечно објавување на преносите на вредности е добро за сите, вклучително и за здравствените работници, бидејќи на тој начин се гради разбирање за оваа важна соработка. Кога фармацевтските компании истражуваат, развиваат и воведуваат нови лекови во клиничката пракса, потребен е придонес од голем број засегнати страни, како што се здравствените работници и здравствените организации. Со воведувањето на Кодексот за објавување податоци на EFPIA се помага во подобрување на разбирањето на овие важни односи“ е ставот на Европската федерација на фармацевтски индустрии и здруженија (EFPIA).
Назив на преставникот во Македонија:
VARUS DOOEL Skopje
Назив на преставникот во Македонија:
BAYER D.O.O. ЉУБЉАНА – ПРЕТСТАВНИШТВО СКОПЈЕ
Назив на преставникот во Македонија:
ГлаксоСмитКлајн Експорт Лимитед Лондон Велика Британија – Претставништво Скопје
Назив на преставникот во Македонија:
Новартис Фарма Сервисис ИНЦ Претставништво од Швајцарија Скопје
Назив на преставникот во Македонија:
Фармикс ДООЕЛ
Назив на преставникот во Македонија:
Претставништво ШЕРИНГ-ПЛАУ ЦЕНТРАЛ ИСТ АГ Скопје
Назив на преставникот во Македонија:
РОШ Македонија ДООЕЛ Скопје
Назив на преставникот во Македонија:
Ново Нордиск Фарма дооел
Назив на преставникот во Македонија:
САНОФИ-АВЕНТИС МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ СКОПЈЕ
Назив на преставникот во Македонија:
BOEHRINGER INGELHEIM RCV GmbH
Назив на преставникот во Македонија:
PFIZER Export B.V. Rotterdam – Netherlands