Асоцијацијата на претставниците на странски производители на иновативни лекови, Фармабренд Нова, од 01.01.2021 година го воведува консолидираниот Етички кодекс, кој претставува подобрена и сеопфатна верзија на постоечките кодекси.
Етичкиот Кодекс (ЕК) на Фармабренд Нова претставува збирка на етички правила договорени од членовите на Фармабренд Нова за промоција на лекови на здравствени работници (ЗР) и интеракции со ЗР, здравствени организации (ЗО) и организации на пациенти (ПО), со намера да се гарантира дека овие активности се спроведуваат со почитување на најстрогите етички принципи на професионалност и одговорност.
Овој Кодекс се применува на сите видови комуникација и интеракција (традиционална и дигитална).
Како членка на Европската федерација на фармацевтски производители и асоцијации (EFPIA), ЕК на Фармабренд Нова ги отелотворува принципите на кодот на EFPIA, IFPMA и Ethos кои служат за всадување култура на етика и интегритет потребни за водење на интеракциите на индустријата со здравствените професионалци и заедницата на пациенти.
Повеќе за Етичкиот кодекс можете да прочитате на: