Фармабренд НОВА Фармабренд НОВА

  • Почетна
  • Членови
  • Публикации
  • За нас
  • Новости
  • Партнери
  • Контакт

За нас

Нашата визија!

Поддршка на визијата за модерен, одржлив здравствен систем во Македонија

Сакаме систем кој  ќе им овозможи на сите пациенти еднаков и навремен пристап до најсовремените и најбезбедни лекови, исти какви што имаат и пациентите од ЕУ и регионот, како дополнување на современата дијагностичка технологија;  ќе поддржува иновации, реално согледувајќи го балансот помеѓу придобивката и ризикот;-  ги овластува граѓаните (граѓански права-ЕУ законодавство) да донесат информирана одлука за своето здравје;  ќе осигура почитување на врвни стандарди во снабдувањето со лекови. Нашата визија ги поддржува креаторите на здравствената политика преку балансирање на буџетот да обезбедат здрава и продуктивна работна сила. Индустријата има одговорност да покаже лидерство во промовирање на одговорното работење преку практикување на транспарентност и етика во локалното работење.

Нашата мисија

Иновативните компании обезбедуваат за пациентите и докторите иновативни лекови

Иновативните компании инвестираат во здравствениот систем на РМ преку:

  • Споделување на научни информации и знаења
  • Едукација на здравствените работници
  • Учество на здравствените работници во меѓународни клинички студии
  • Подобрување на здравствената инфраструктура
  • Иновации во дијагностиката

Иновативните компании инвестираат во општеството преку отварање на работни места и почитување на даночните обврски

0 Основана Фармабренд Нова
>0% Oд иновативните лекови регистрирани во Македонија
0 Компании членки

Нашите заложби

Подобрен пристап на пациентите до иновативната терапија преку:

– регулиран и контролиран систем од страна на  државата кој ќе овозможи навремена примена на иновативните лекови
– понатамошно усогласување на постоечката регулатива за да се осигура примена на ефикасна и безбедна терапија
– пристап на здравствените работници до новините во терапијата преку пренесување на медицински сознанија

Пренесување на знаењето и искуството на совесен и одговорен начин во нашата земја
– да бидеме солиден и доверлив партнер на здравствените авторитети во унапредување на здравствениот систем
– доверлив партнер на пациентите и нивните организации за ефикасен и безбеден третман, контролиран систем на дистрибуција и медицински информации за подобар квалитет на животот.

Етика и транспарентност

– Лидери во стандардите за медицинска промоција
– Придонес со допонителна транспарентност за просперитет на здравствениот сите
– Однесување за пример кој ќе им служи на здравствените власти како референца за споредба

Етички кодекс на однесување потпишан од членките на Фармабренд Нова во Македонија

– Саморегулација и контрола на работењето, локално
– Подигање на стандардите не само на иновативните компании туку и на целата фармацевтска индустрија

Номинација за членство на Фармабренд Нова во EFPIA

Членство во европската федерација

Дополнителна мониторинг и гаранција од EFPIA за транспарентност и етичност во работењето

Поголем пристап до иновативните терапии достапни за пацентите во ЕУ  

Заложба локалните закони да ја воведат транспарентноста и етичноста во работењето во фармацевтската индустрија со здравствената заедница, здравствените авторитети, здруженијата на пациентите и Владата

– Регулирање на фармацевтскиот пазар, заштита на правата на пациентите

Фармабренд НОВА © 2018 | Сите права се задржани.

Ве молиме означете дали сте:

    ПО
    ЗР и ЗО