На 02.04.2018, во Собранието на Р.Македонија, се одржа јавна расправа за предложените измени од страна на Министерството за здравство, во Законот за лекови, делот на паралелниот увоз. На расправата присуствуваа претставници од Фармабренд Нова, здруженија на пациенти, фармацевтскиот сектор, здравствени работници, претставници на стручните комори и здравствените авторитети и други.
Од асоцијацијата Фармабренд Нова, ја истакнаа потребата од обезбедување на систем, од страна на релевантните институции, кој ќе го гарантира квалитетот на лековите наменети за нашите пациенти. Асоцијацијата ќе ги поддржи сите напори на институциите во правец на обезбедување на ефикасни и безбедни лекови за пациентите