Фармабренд НОВА Фармабренд НОВА

  • Почетна
  • Членови
  • Публикации
  • За нас
  • Новости
  • Партнери
  • Контакт
Стручен состанок на Асоцијацијата Фармабренд Нова со претставници на  организации на пациенти
December 20, 2016November 26, 2018

Стручен состанок на Асоцијацијата Фармабренд Нова со претставници на организации на пациенти

In Новости
Фармабренд Нова, Асоцијација на претставници на странски производители на иновативни лекови, на 06.12.2016 одржа стручен состанок со претставниците 16 организациите на пациенти во Македонија со цел да ги запознае сосвојата работа, активности и цели.
На состанокот беа презентирани мисијата, визијата и целите на Фармабренд Нова, како и главните активности:
• Поддршка на визијата за модерен, одржлив здравствен систем во Македонија
• Сакаме систем кој ќе им овозможи на сите пациенти еднаков и навремен пристап до
најсовремените и најбезбедни лекови, исти какви што имаат и пациентите од ЕУ и
регионот, како дополнување на современата дијагностичка технологија
• Поддршка на креаторите на здравствената политика преку балансирање на буџетот
да обезбедат здрава и продуктивна работна сила
• Да ја покажеме нашата одговорност и лидерство во промовирање на одговорното работење преку практикување на транспарентност и етика во локалното работење
Помеѓу другото, беа презентирани и податоци од релевантни извори (IMS Health Data 2014, EFPIA W.A.I.T. Indicator Survey 2014, World health statistics. World Health Organization 2014 (Data for 2011), www.canceratlas.cancer.org, Globocan 2012, NHIF and healthcare institutions budget realization reports for 2009, 2010, 2011, 2013 and Jan-Nov 2014, http://www.fzo.org.mk и др.), според кои од 228 иновативни лекови регистрирани во периодот 2007-2014 во земјите на ЕУ, на позитивните листи на земјите биле вклучени на пр. 148 во Словенија, 133 во Италија, 83 во Бугарија, 62 во Хрватска, просекот е 107. Во Србија, во истиот период се вклучени 12 иновативни
лекови, а во Македонија само 2 (во 2009) и тоа еден од нив на самиот истек на патентот.
Во периодот 2010-2013 во ЕУ се регистрирани 70 нови иновативни лекови, од кои Р.Чешка ставила на позитивна листа 35, Унгарија 55, Словенија 46, Хрватска 9, Бугарија 30, Македонија 0. Лековите се од различни терапевтски групи.
Каде води ваквиот тренд? Ако земеме само една област, малигни заболувања на пр., според податоците од СЗО, во Македонија се регистрира пораст од 9% на стапката на смртност од карцином. Според Cancer Atlas Data– смртност од сите видови карцином 2012, Македонија се наоѓаво групата на 10 земји (на 178 место од вкупно 184) со највисока стапка на смртност од сите видови карцином (без non-melanoma карцином на кожа) во 2012. 
Според Globocan 2012, Смртност од карцином во Европа, Македонија се наоѓа на високото трето место, според стапката на смртност.
Неминовно се наметнува потребата од наоѓање на начини за зголемување на пристапот на пациентите до иновативните решенија, можеби преку:
-Зголемување на % на трошоци за лекови во рамките на здравствениот буџет
-Инвестирање на заштедите од снабдување во нови, иновативни лекови
-Постоење на активна и подобрена регулација на рефундирањето (Комерцијални договори…)
-Дополнителни извори на финансирање – ЗДРАВСТВЕН ДЕНАР
Искуствата од земјите на ЕУ, како и од регионот се покажале како успешни и истите можат да се искористат и кај нас. Сите членки на Фармабренд Нова, како и самата Асоцијација го нудат својот полн капацитет за подршка на секој обид да се овозможи пристап до иновативните терапии за сите пациенти во Македонија
 
Преземете во ПДФ формат
Став и препораки на Асоцијацијата Фармабренд Нова за биолошки-слични лекови

Пребарај

Последни објави

  • Фармабренд Нова зема активно учество на стручниот состанок – дебата за усогласување на правилникот за Позитивната листа на лекови
  • Активно учество на Фармабренд Нова на DIA SEE (South Eastern Europe) Region Conference, “Building bridges to accelerate Patients’ access”
  • Консолидиран Етички кодекс (ЕК) на Фармабренд Нова
  • Соопштение за јавност во врска со објавување на преносот на вредности на здравствени работници (ЗР) и здравствени организации (ЗО)
  • Посветеност на Европската фармацевтска индустрија базирана на истражување за справување со COVID-19

Архива

  • September 2022
  • February 2021
  • June 2020
  • April 2020
  • December 2019
  • November 2018
  • August 2018
  • June 2018
  • August 2017
  • December 2016

Категории

  • Uncategorized
  • Новости
  • Публикации
Фармабренд НОВА © 2018 | Сите права се задржани.

Ве молиме означете дали сте: