ВАКЦИНИ – ЕФИКАСНА АЛАТКА ЗА ПОДОБРО ЈАВНО ЗДРАВЈЕ

На 29.11.2019 се одржа стручниот состанок под наслов ВАКЦИНИ – ЕФИКАСНА АЛАТКА ЗА ПОДОБРО ЈАВНО ЗДРАВЈЕ во организација на Македонското фармацевтско друштво заедно со експерти од Комитетот за имунизација при Министерство за здравство, во соработка со професори од Фармацевтскиот факултет-УКИМ, Институтот за јавно здравје и меѓународни експерти од СЗО и УНИЦЕФ. Настанот беше поддржан од асоцијацијата Фармабренд Нова и компаниите-членки, производители на вакцини,GSK, MSD и Sanofi-Aventis.
Темата на состанокот беше планирање, финансирање и набавка на вакцини, вклучително и сите чекори кои се дел од програмата за имунизација. Овој актуелен проблем во нашата земја е неопходно да се продискутира заеднички од надлежните од здравствените, регулаторните и финансиските институции. Активни учесници на овој настан беа претставници од Министерство за здравство, Министерство за финансии, Бирото за јавни набавки, МАЛМЕД, Центрите за јавно здравје и Здравствените Домови.
Програмата за имунизација е еден од здравствените приоритети на Владата на Р.С. Македонија. Очекуваме дека заклучоците од овој стручен состанок ќе бидат дел од основата за креирање на Национална стратегија за имунизација на Р.С. Македонија.

Стручниот состанок го отвори доц. д-р Венко Филипче, Министер за здравство на Р.С. Македонија

Воведни обраќања имаа:
– Д-р Jihane Tawilah, Светска здравствена организација
– Проф. д-р Александра Грозданова, Комитет за имунизација на Р.С. Македонија
– М-р Висара Риза, Агенција за лекови и медицински средства МАЛМЕД

Панелисти на стручниот состанок беа:
– Министерство за здравство – Проф. д-р Александра Грозданова, Претседател на Комитет за имунизација, Скопје, Р.С. Македонија
– Светска Здравствена Организација – Oleg Benes, експерт, Vaccine-preventable Diseases and Immunization at WHO/Europe – со обраќање од Женева, Швајцарија
– УНИЦЕФ – Loic Sanchez, експерт, Immunization and Vaccine Centre, Supply Division, UNICEF – со обраќање од Копенхаген, Данска

Стручни обраќања и дискусија:
1. Европски практики, исходи и цели во имунизационите програми – д-р Oleg Benet, СЗО експерт/ Loic Sanchez, УНИЦЕФ експерт
2. Комплексноста на производство на вакцини – Проф. д-р Александра Грозданова, Фармацевтски факултет, УКИМ Скопје, Р.С. Македонија
3. Здравствена вредност на вакцини – Проф. д-р Зоран Стерјев, Фармацевтски факултет, УКИМ Скопје, Р.С. Македонија
4. Добри практики во набавка на вакцини – искуство од Бугарија – д-р Радосвета Филипова, Министерство за здравство, Р. Бугарија
5. Процес на набавка на вакцини во РС Македонија – д-р Бранка Величковска, Министерство за здравстсво, Р.С. Македонија
6. Ставови кон вакцинација и фармаковигеланца на вакцини – Доц. д-р Александра Капедановска Несторовска и Доц. д-р Зорица Наумовска, Фармацевтски факултет, УКИМ, Скопје, Р.С. Македонија
7. Опфат со вакцинација во Р.С. Македонија – д-р Владимир Микик и д-р Кристина Ставридис,Институт за јавно здравје, Скопје, Р.С. Македонија